Бесплатная консультация юриста:
8 (800) 500-27-29 (доб. 553)
СПб и Лен. область:Санкт-Петербург и область:
+7 (812) 426-14-07 (доб. 318)
Москва и МО:
+7 (499) 653-60-72 (доб. 296)
Получить консультацию

Договор на пари

Използвай Договор за дарение на движими вещи или пари, ако:

  • Искаш да надариш някого, като му прехвърлиш определена вещ (техника, мебели или нещо подобно) – безвъзмездно.
  • Искаш да надариш някого със сума пари.

Кога и как да поискам прекратяване на осиновяване?

Карактеристики на договорот за заем

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Што претставува договорот за заем?

Кон склучување на договорот за заем се пристапува кога одредено лице има потреба од користење предмети за одреден временски период. На пример, Зоран Зоранов сака да купи половен автомобил, но му недостасуваат 1.000 евра, па поради тоа решава да ги позајми од Фазли Халими, којшто има волја да му ги даде, со цел Зоран да ги искористи за купување на автомобилот.

Со договорот за заем, заемодавачот се обврзува да му предаде на заемопримачот определен износ пари или определено количество други заменливи предмети, а заемопримачот се обврзува да му го врати по извесно време истиот износ пари, односно истото количество предмети од ист вид и квалитет.

Како најчест предмет на заем се јавуваат парични средства, но кој било предмет што го исполнува условот да биде заменлив (квантитативно и квалитативно), може да биде даден на заем.

Навидум, зборот заем, а и неговото секојдневно користење и поимање, наведува на тоа дека предметот што се дава на заем останува во сопственост на заемодавачот. Сепак, тоа не е така, односно врз примените предмети заемопримачот стекнува право на сопственост. За конечно склучување на овој договор и премин на сопственоста од едно на друго лице, неопходен услов е и предавањето на предметите на заемопримачот.

Договорот со кој едно лице се обрзува да му даде на друго лице пари или други заменливи и потрошни предмети на заем, сè уште не е договор за заем, туку само ветување на заем, односно преддоговор за заем. Дури по предавањето на парите, односно предметите, што се предмет на договорот за заем, се смета дека тој е склучен. Значи, чинот на примопредавање на парите, односно предметите, претставува битна форма (го формализира) во склучување на овој договор.

Што претставува каматата?

За разлика од главнината на заемот, што секогаш мора да биде содржана, точно определена и на крајот вратена, каматата не е задолжителна кај договорот за заем. Дали ќе биде содржана зависи од тоа како се спогодиле страните. Во суштина, камата е цената што треба да ја плати заемопримачот за тоа што во определен временски период користел туѓи парични средства или предмети. Во законот е регулирана казнената камата и договорната камата. Казнена камата (порано нарекувана затезна) е должен да плати заемопримачот, доколку навремено не го врати заемот во целост или одредена рата од истиот.

Може да се применува законски определената казнена каматна стапка, но во исклучителни ситуации во трговските договори може и договорните страни да ја утврдат. Ништовна е онаа одредба со којашто е определена лихварска каматна стапка. Лихварска каматна стапка постои доколку е повисока од законската казнена камата и притоа создава очигледна несразмерност меѓу правата и обврските на договорните страни. Договорната каматна стапка ја определуваат договорните страни, но притоа немаат целосна слобода во определувањето на износот, бидејќи законот ги ограничува во максималниот процент.

Како и кога се врши примопредавање на ветените предмети?

Заемодавачот е должен да ги предаде определените предмети во договореното време. Ако рокот за предавање не е определен, тогаш кога тоа ќе го побара заемопримачот. Правото на заемопримачот да бара предавање на определени предмети застарува за три месеци од кога заемодавачот паднал во задоцнување. Во секој случај, престанува за една година од склучувањето на договорот.

Како се определува рокот за враќање на заемот?

Договорен рок: Заемопримачот е должен во рокот наведен во договорот да го врати истото количество предмети, од ист вид и квалитет. Кога нема одредба за рок: Рокот се определува од околностите на заемот, во спротивно заемопримачот е должен да го врати заемот по истекот на примениот рок, што не може да биде покус од два месеца, сметајќи од денот кога заемодавачот побарал да му се врати заемот. Доколку предметот се враќа во неколку рати (пари) или испораки (предмети), тогаш е препорачливо да се состави и да се потпише потврда во којашто ќе се наведе износот на ратата или количината на испораката, денот кога тоа е извршено, а двете договорни страни ќе се потпишат.

Извор: УЧИМЕ право : клиничка програма, Младински образовен Форум